Британскиот таблоид „Сан“ објави тескт за камеманот Курт Соненфилд, кому му бил даден посебен пристап во кулите по уривањето. Тврди дека поседува снимка, која непобитно докажува дека администрацијата на Џорџ БУш е одговорна за терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
Во тоа време Курт работел во американското Министерство за внатрешна безбедност. Добил неограничен пристап во урнатите згради за да смими се што ќе види.
Меѓутоа, никогаш не ги предал снимките, зашто тврди дека се непобитен доказ дека владата на САД знаела дека ќе има терористички напад.
Под Светскиот трговски центар нашол празен сеф кој бил испразнет пред ударот на авионите, што укажува на тоа дека се знаело за нападот.
Потоа, неговиот живот почнува да се распаѓа. Бил уапсен заради убиство на жена си. Иако обвинението било повлечено, ја напуштил зејмата и избегал во Аргентина поради страв дека ќе го уапсат или убијат за да го замолчат.
-Во едно сум сигурен. Разузнавачките служби знаеле што ќе се случи и во најмала рака го овозможиле тоа, вели Курт во документарец снимен во Аргентина.
0Не само што знаеле, туку и учестввуале, дециден е тој.
Тој вели дека е најсомнително тоа што е урната и зградата 7, која воопшто не претрпела оштетување во напдот.
Kurt Sonnenfeld, his dead wife, and the 9/11 conspiracy theory that he says explains it all https://t.co/WGA1j66c4F pic.twitter.com/8E10l9CYTE
— GQ Magazine (@GQMagazine) July 2, 2016
-Оваа зграда не ја удри авион, но и покрај тоа 47-те ката ги снема за 6,5 секунди во совршена имплозија.
Курт жиее во Аргентина, женет е и има две ќерки. Владата на САД неколкупати се обидивала неуспешно да до издејствува неговото израчуввање.
Тој не е првиот кој го тврди ова, но секогаш на ваквите тврдења им се прилепува етикетата „теорија на заговор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.