| четврток, 6 декември 2018 |

Меси осуден на 21 месец затворска казна

160602164359-lionel-messi-jorge-messi-court-tax-evasion-exlarge-169Меси осуден на 21 месец затворска казна поради даночни затајувања. Но, бидејќи казната е пократка од две години, а ниту Лионел Меси ниту неговиот татко немаат криминално досие, нема да одлежат ниту ден в затвор.

Семејството избегнувало да плаќа данок за парите добиени од правата на сликите на фудбалерот, со што заработило над 4 милиони евра, но судот во Каталонија, Шпанија, за двајцата пресуди казна од 21 месец.

messiПознатиот фудбалер во своја одбрана велеше дека не знаел за даночните аранжмани на неговиот татко и на другите советници, но судот го спореди аргентинскиот играч со мафијашки шеф кој ги одрекува нелегалните дејства поврзани со неговото име, пренесуваат шпанските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top