| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е најсексапилната жена во светот

Мила Кунис е најсексапилна жена во 2012 година според анкетата на списанието ФХМ. Иако минатата година не беше ни меѓу првите десет (го имаше 14.место), годинава „Пријатели со придобивки“ (Friends with Benefits) и „Оз, великиот и моќниот“ (Oz the Great and Powerful), филмови во кои таа глуми, и донесоа титула, која веројатно би ја посакувала секоја жена.

mila kunis1

Кунис со ова ја прекина четиригодишната доминација на Британките, кои го „држеа“ првото место.

Втора е пејачката Ријана, а трета и Хелен Фланаган , која е прогласена и за најсексапилна жена во Велика Британија.

Ова се десетте најсексапилни жени на светот:

1. Мила Кунис

2. Ријана

3. Хелен Фланаган

4. Мишел киган

5. Кели Брук

6. Кејли Коко

7. Пикси Лот

8. Кејт Аптон

9. Черил Кол

10. Џорџија Салпа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top