| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кунис изгледа одлично (фото)

Младата актерка Мила Кунис по само два месеца од породувањето ја доведе линијата во состојбата во која беше пред да остане бремена.

Мила уште сега го довела својот животен ритам во ред, па, покрај обврските околу детето, таа успева да вежба и јога.

Несебична поддршка ѝ дава и Ештон Качер, кој неодамна се пофали дека боледува од синдром на суперхерој.

– Јас сум сега нечиј херој. Егото ви расте кога вашето дете ќе се расплаче, а вие им велите на сите дека ќе одите да го  земете во прегратки, а тоа веднаш престанува да плаче. Чувството е преубаво – изјавил актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top