| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една холивудска двојка пред развод…

Мила Кунис и Ештон Качер без сомнение се една од омилените холивудски двојки, но доколку им се верува на американските таблоиди „клетвата на Холивуд“  го зафати и овој актерски брачен пар.

Драмата  почнала кога американскиот таблоид „ИнTач“ објавил дека по посетата на Ештон на салон за тајландска масажа, Мила повеќе не ја носи бурмата и дека наводно има тајни средби со адвокатите за развод. Истиот таблоид тврди дека актерката била гневна поради тоа што нејзиниот сопруг посетува такви места и дека се сомнева во прељуба.

Од друга страна, извор близок на  двојката тврди дека шпекулациите не се вистини како и дека во бракот на Мила и Ештон нема проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top