По Викторија и Дејвид Бекам денес главна тема во светските медиуми е наводниот развод на уште една од омилените двојки во Холивуд.
Мила Кунис и Ештон Качер без сомнение се една од омилените холивудски двојки, но доколку им се верува на американските таблоиди „клетвата на Холивуд“ го зафати и овој актерски брачен пар.
Драмата почнала кога американскиот таблоид „ИнTач“ објавил дека по посетата на Ештон на салон за тајландска масажа, Мила повеќе не ја носи бурмата и дека наводно има тајни средби со адвокатите за развод. Истиот таблоид тврди дека актерката била гневна поради тоа што нејзиниот сопруг посетува такви места и дека се сомнева во прељуба.
Од друга страна, извор близок на двојката тврди дека шпекулациите не се вистини како и дека во бракот на Мила и Ештон нема проблеми.
Што е точно – ќе покаже времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.