| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши третиот самит за Западен Балкан: И по Брегзит Европа ќе се проширува, продолжува политиката на отврени врати

Клучната порака од Парискиот самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави вечерва премиерот Емил Димитриев по завршувањето на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа по покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Ова беше одлична прилика и одличен сигнал. По Германија и Австрија, Франција го презеде претседавањето со самитот Западен Балкан. Главната порака од овој самит од земјите-членки на ЕУ е дека Балканот и понатаму останува подрачје каде приоритетно е зачленувањето во ЕУ. ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, рече Димитриев.

DSC_9181

Тој нагласи дека на смитот биле искажани повеќе размислувања во трите сегменти кои што беа дискутирани на самиот самит – миграциите, безбедноста и европската политика.

На мое задоволство и на задоволство на сите граѓани многу често беше искажана благодарност кон Република Македонија за справување со кризата, посебно со квалификции дека Македонија европски се однесувала во делот на менаџирање на мигрантската криза. Исто така, дискутиравме за сфери од областа на безбедноста за нашите аспирации во НАТО. Ја реафирмиравме нашата позииција дека наш врвен приоритет е членството во ЕУ. Како резулат од овој самит е потпишување договор за отворање на регионана канцеларија за млади. Еден од акцентите беше ставен на младите и на перспективата на младите во регионот. Така што се на се јас сум задоволен од дискусиите од темите и од заклучоците кои што произлегоа од денешниот самит, рече Димитриев.

DSC_5091

Во однос на билатералните спорови, тој посочи дека тие и понатака остануваат пречка за зачленување во ЕУ.

Беше кажано дека членството на ЗБ во ЕУ треба да биде во ситуација кога ќе бидат надминати билатералните спорови. Нашата позиција тука е мошне јасна. Ние сме проактивни цело време во тој правец да ги надминеме билатералните спорови, тука пред се мислам на спорот со нашиот јужен сосед за разликите со името и да најдеме заедничко прифатливо решение кое би ги деблокирало нашите евроатлантски процеси. Така што билатералните спорови и понатаму остануваат нешто за кое ЕУ ќе продолжи да притиска за нивно решавање, рече премиерот Димитриев.

pesevski

Конкретно за финансиски средства околу бегалската криза рече дека не станало збор, меѓутоа во принцип буџетските средства со кои располага оваа иницијатива, не се искористени.

Вицепремиерот за евкономски прашања Владимир Пешевски, кој беше во составот на делегацијата, истакна дека во однос на финансиските средства, она што се обидува ЕК да го направи е како стимуланс да даде грантови за конкретни проекти, но вели, потребо е паралелно со тие грантови државите да спроведат одреден сет на реформи, а и самата проектна документација да биде подготвена на соодветно ниво.

Како што е познато, уште во Берлин првиот проект што реално и беше одoбрен и добива грант-средства од оваа програма е проектот каде што учествува и Република Макеоднија, а тоа се средства во износ од 12 милиони евра за изградба на далековод кон Албанија. Тој проект ќе почне да се реализира наскоро. Ние предлагавме и други проекти што засега не се влезени во агендата, но сепак средствата од грантот што е наменет за програмата за Западен Балкан се во многу мал износ алоцирани, рече Пешевски.

Тој оцени дека овој процес нема да заврши догодина во Рим, каде е следниот состанок, туку можеби ќе се провлече уште неколку години.

Тоа е и една од иницијативите што ја предложивме на овој самит, а тоа е барем уште 20 проекти добијат донорски средства, а веројатно и износот, барем тоа беше пораката на комесарот Јоханес Хан, дека ако се предложат соодветни квалитетни проекти, подготвени на соодветно ниво и државите продолжат со реформите, ќе се најдат дополнителни средства, на страна од оние што се ИПА-средства, рече вицепремиерот Пешевски.

Тој нагласи дека Македонија останува посветена во делот на реформите и креирањето на поволна бизнис-клима, поврзувањето со сoседните држави, како една од целите на Берлинскиот процес во делот на транспортната мрежа, но и во делот на креирање на заеднички пазар на електрична енергија. Таа идеја во Берлин, посочи тој дошла од токму од наша страна, а енергетската заедница ја прифати и денес е една од главните мотиви на оваа конференција на која сега сите држави рбатоат.

Во делот на олеснување со трговијата, веќе потпишавме одредени договори за олеснување со Република Србија, а преминот Табановце е одбран како заендички граничен премин. Но, изјави Пешевски, не е доволно само квлаитетна транспортна мрежа и завршени коридори туку завршување на реформите со крајна цел, влез во ЕУ и пoдобрување на животнито стандард на сите.

poposki-640x397

Во однос на политичкито дел од Самитот вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски истакна дека најзначајниот сигнал беше дека во моменти во кои Велика Британија одлучува да ја напушти ЕУ, двете движечки сили во самата Европска унија, а тоа се Франција и Германија, упатуваат силен сигнал дека сите ветувања во поглед на целосна интеграција на Балканот во Европската унија остануваат и се на маса и нема поместување во тој дел.

За тие оние што во меѓувреме заборавиле колкава е цената на оставање на Балканот надвор од ЕУ како што можеше да се потврди во текот на кризите и воените дејствија во 90-тите години на минатиот век, мигрантската криза веројатно беше еден добар потсетник. Тема на која многу јaсно беше дека ЕУ мора да сорбаотува со земјите од регионот и дека најдобар и најевтин начин да се обезбеди сигурна, безбедна и мирна Европа е преку нитеграција на Балканот во рамки на Европската унија, рече Поповски.

samit vo pariz zapaden balkan

Очекува дека овој тип на соработка ќе продолжи во следниот период и оти е јасно дека без германска и француска поддршка сите овие рбаоти би биле ставени под знак прашалник.

– Во изминатиот период, мислам дека повеќе се втемели една перцепција дека најкарактеристичен извоз за Балканот е извозот на проблеми. Но, ние во изминатиот период докажавме дека од една страна можеме да бидеме регион што најбрзо расте во рамки на европскиот континент и регионот од кој зависи и самата стабилност, безбендост, сигурност и просперитет во Европската унија. Мислам дека и со ризиците со кои се соочува ЕУ во доменот на радикализација и во делот на мигрантската криза, како и во делот на потребата од поголема конкурентност на европскиот континент, Балканот е фактор што придонесува за поголема стабилност и поголем успех. Ова мора да биде изразено и преку одлуките што се носат и во Европската комисија и на Советот, рече шефот на дипломатијата.

Според него, останува клучното прашање, а тоа е отстранување на билатералните блокади, особено кога доаѓаат од земји-членки на ЕУ.

Тука, Хрватска и Србија денес испратија јасна порака дека ги оставаат зад себе билатералните прашања што ќе се решаваат во процесот на преговори. Србија ќе води преговори со Европската унија. Можеби овој сигнал требеа да биде примен и од оние што се дел од Европската унија, а во минатото го попречувале македонскиот напредк кон ЕУ-интеграцијата, да се обидеме да овозможиме процесот за пристапување кон ЕУ да биде метод преку кој ќе ги надминуваме билатералните прашања, рече Попоски.

Од денешниот Париски самит, како што истакна претседателот Оланд, земјите од Западен Балкан се обврзаа на колективен акциски план за интензицирање на трговскиот раст и транспортното поврзување.

Могерини: Одлучни сме да продолжиме со процесот на проширување на ЕУ

DSC_9251

Проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредиблни во тој процес, порача потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата, Федерика Могерини по денешниот самит за Западен Балкан во Париз.

Не, дефинитивно не. Мојата порака денеска беше многу јасна. Ние сме одлучни да продолжиме со процесот на проширување и многу е важно за европските институции, за Советот и Европската комисија да бидат кредибилни во процесот, како и ние да ја поддржиме агендата на инволвираните земји. Сите тие работат многу силно и добро и ние имаме интерес за оваа реформска агенда да успее и процесот на проширување да расте. Пораката е гласна и јасна, проширувањето ќе продолжи, порача Могерини на новинарско прашање дали Брегзитот значи и дефинитивен крај на проширувањето на ЕУ.

Според неа, проширувањето на ЕУ е многу важно за мирот и стабилноста, но исто и за интересот што Европејците го имаат за напредување на балканскиот регион кон Европската унија.

Но, овој Самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза се уште постои и ризикот од радикализација во регионот не обврзува да работиме заедно. Важно е денес по референдумот во Велика Британија, бидејќи внатре во Европската унија некогаш има проблеми што ја допираат додадената вредност на европскиот проект, додека на Западниот Балкан е јасно дека интеграцискиот процес во ЕУ е позитивна работа за граѓаните и евроентузијазмот во регионот е голем, па ние треба да гледаме на тоа како инспирација. Ова е важен состанок  тука и ќе работиме и на дневно ниво за да го направиме овој процес реалност за секоја од шесте земји од Балканот, истакна Могерини.

Оланд: Процесот на проширување на ЕУ продолжува

DSC_9334

Процесот на проширувње на Европската унија продолжува и по британската одлука за Брегзит, изјави вечерва во Париз францускиот претседател Франсоа Оланд по завршувањето на Самитот за западен Балкан.

Одлуката на Велика Британија на никаков начин нема да влијае врз ангажманот на ЕУ кон балканските земји, во согласност со условите кои се поставени пред нив. Ова беше потребно да се нагласи, бидејќи ние дадовме збор, порача Оланд на прес-конференцијата по завршувањето на средбата.

samit vo pariz zapaden balkan

Оланд истакна дека ЕУ претставува „мировен проект“, а земјите од Балканот кои имаа искуство со граѓански војни, со национализам и екстремизам, знаат да го ценат мирот.

Но, за да продолжи европскиот процес неопходно е да се спроведат реформи, кои ќе доведат до зацврстување на владеењето на правото, ќе ја засилат борбата против организараниот криминал и ќе ја зајакнат соработката меѓу земјите од регионот, порача францускиот претседател.

Оланд истакна дека е неопходно да се решат и прашањата кои водат до длабоки поделби меѓу балканските земји, бидејќи тоа е единствениот пат за оставрување напредок.

Оланд додаде дека на средбата било разговарано и за конкретни проекти од сферата на енергетиката и транспортот, кои, како што рече, треба да доведат до засилување на економските односи во регионот, а во чија реализација ќе бидат инвестирани 450 милиони евра.

На Самитот, според Оланд, станало збор и за миграцијата, имајќи предвид дека низ земјите од Западен Балкан минуваше балканската мигрантска рута.

Земјите од Балканот сторија се да ги прифатат бегалците, за што сме и посебно благодарни, потенцира Оланд.

На самитот се говорело и за проблемите со радикализацијата и регрутирањето на борци од земјите во регионот во редовите на џихадистите.

Европа е создадена во 60-те години (на минатиот век) во борбата за мир и тоа што денес сакаме да го сотирме на Балканот е да донесеме мир. Европската историја покажува дека секогаш кога постои ризик за конфликт, Европа се мобилизира. Мирот е во Европа и низ Европа, истакна Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top