| четврток, 6 декември 2018 |

Лионел Меси ја освои 4. Златна топка

Доминација на шпанскиот фудбал на главниот светски фудбалски избор

Со четвртата награда најдобар фудбалер на светот според ФИФА, Лионел Меси ги надмина тројните освојувачи Зинедин Зидан и Луис Назарио де Лима Роналдо. Аргентинецот синоќа на Гала свеченост во Цирих во конкуренција на Кристијано Роналдо и Андрес Иниеста дојде до нова Златна топка за 2012-тата како потврда за индивидуалната доминација во светскиот фудбал од 2009-тата наваму.

Сите тројца се дел и од најдобрите 11 според тренерите и капитените на сите фудбалски репрезенатции во составот кој е комплетно шпански. Во него се голманот Икер Касилјас, дефанзивците Дани Алвеш, Марсело, Џерард Пике и Серхио Рамос, фудбалерите за врска Чаби Алонсо, Чави Ернандез и Андрес Иниеста и напаѓачите Радамел Фалкао, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

За целосна доминација на Примера фудбалот за најдобар тренер е избран шпанскиот селектор Висенте Дел Боске кој до признанието дојде преку одбрана на титулата Европски првак на шампионатот во Украина и Полска минатото лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top