| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Криво ми е што загубив, но верувам дека ќе се вратам посилен!

novak djokovic

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше шокиран од Американецот Сем Квери, во третото коло од Вимблдон, претрпувајќи пораз од 1-3. Тој не е среќен поради поразот, но се надева дека наскоро ќе се врати многу посилен во тенисот.

– Не сум среќен што загубив. Но, се надевам дека од оваа ситуација ќе излезам посилен. Не сум првпат во ваква ситуација, и знам што ќе ме чини. На прво место, сакам да се посветам на мојата фамилија и на самиот себе. Сега сакам со мислите да ’одлетам’ некаде и да се отпуштам. За среќа, потојат многу работи кои ме прават среќен, покрај тенисот – истакна Ѓоковиќ.

Тој нема да настапи на Дејвисовиот куп, а неговиот следен настап се очекува дека ќе биде на мастерс-турнирот во Торонто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top