„Кралот на стилот: како се облекуваше Мајкл Џексон“. – ова е насловот на книгата на стилистот Мајкл Буш, кој 25 години работел за Мајкл Џексо. На промоцијата на книгата во прага тој рече:
-Дома беше ист како вас. Како било кој. Само правеше разлика кој е во приватниот живот, а кој во јавноста. Ми недостасува неговата насмевка.
Буш смета дека последните години Џексон бил несреќен поради наводните измислици кои за него често се појавуваа во јавноста. Модниот дизајнер, кој на средбата со новинарите дојде во сјајно палто со портретот на Џексон, материјалите за книгата ги собирал дваесетина години.
– Мајкл тогаш ми подари фотоапарат. Ми рече да овековечувам се што мислам дека треба. Денес оваа книга содржи досега необјавени фотографии, но и опис на најмали досега непознати детали во врска со животот на поп ѕвездата – додава Буш.
Буш со својот партнер Денис Томпкинс, кој почина пред две години, е креатор на речиси целата облека на Џексон. Нивната прва средба била во 1985 година на снимањето на филмот „Капетан ЕО“ во режија на Френсис Форд Копола. Соработувал и со Бритни Спирс и Елизабет Тејлор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Вечерва се отвора изложбата на фотографии „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ на Роберт Јанкулоски