Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, се наоѓа во сериозни проблеми пред полуфиналето на Европското првенство против Франција бидејќи нема да може да смета на услугите на напаѓачот Марио Гомез, а неизвесни за дуелот со домаќинот Франција се и Сами Кедира и Бастиjан Швајнштајгер.
Фудбалерот на Бешикташ Марио Гомез на дуелот против Италија поради повреда беше заменет во 72. минута од Дракслер. На истиот натпревар и Сами Кедира се здоби со незгодна повреда и мораше натпреварот да го заврши доста порано, уште во 16. минута, а на негово место влезе капитенот Швајнштајгер, кој по завршувањето на натпреварот исто така се пожали на повреда.
Сепак според последните информации уште има шанса за настап на Кедира и Швајни во полуфиналето кое се игра в четврток во Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.