Со тешки повреди се здобил македонски дравјанин кој работел како градежник на Малта.
При работа на еден објект во главниот град Ла Валетa врз него се урнал бетонски ѕид, по што македонскиот државјанин завршил во болница.
Локалните медиуми објавуваат дека тој работел заедно со други странски државјани, но се уште нема информации за тоа како се случила несреќата.
Комуникацијата со него била отежната бидејќи тој не говорел англиски јазик, а засега не e познат ниту неговиот идентитет.
Дополнителен проблем претставува фактот што Македонија нема дипломатско претставништво на Малта, туку оваа островска земја се покрива преку амбасадата во Рим.
Малта последниве неколку години стана хит дестинација, особено за летниот период кога многумина работат како келнери или градежници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.