
Новак Ѓоковиќ сензационално испадна во третото коло на Вимблдон. Сем Квери славеше против него со 3-1, па го отвори патот на Роџер Федерер до финалето на Гранслем турнирот.
– Погрешивме, мислевме дека Новак е непобедлив, но ете очигледно дека не е така. Едноставно, невозможно е да се победи во 200 мечеви по ред – рече Федерер за најдобриот светски тенисер.
Федерер досега во кариерата го освои Вимблдон седум пати, додека Ѓоковиќ е освојувач на два овосезонски Гранслем турнири, и остана на три наслови во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


