Во понеделник на 4 јули, десет млади натпреварувачи ќе се борат за победа во втората сезона на музичкот шоу „Пинкови ѕвездички“. Утре во суперфиналето ќе настапуваат и македонските претставнички Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска.
Девојчињата кои уште од почетокот на шоуто ги собираат сите пофалби и се едни од фаворитите, имаа одлични настапи и на последната финална вечер во петокот.
Мартија ја изведе „Bound to you“ на Кристина Агилера.
Антониа, пак, се престави со песна на Џенифер Хадсон.
Antonia Gigovska – And I m Telling You by PinkoveZvezde
За двете пеачки жирито нагласи дека се вонсериски, нивното пеење било како на оскаровска вечер, и со своите настапи го подигнале нивото на настанот.
Суперфиналето кое требаше да се одржи на 3 јули, е презакажано за 4 јули, кога официјално ќе се дознае вториот победник на спектакуларното регионално натпреварување во пеење за деца. Линиите за гласање ќе бидат постојано отворени до суперфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.