| четврток, 6 декември 2018 |

Мартија има нова песна, слушнете ја „I don’t know your name“ (ВИДЕО)

„I don’t know your name“ e новата песна на талентираната Мартија Станојковиќ. Оваа песна припаѓа на стилот на музика кој Мартија со задоволство го пее и полека станува нејзин препознатлив печат, музика по која нејзините фанови и слушателите генерално ја препознаваат, велат од нејзината продукција.

После нејзиниот прв сингл „Love will lead our way“, песната со која ја претставуваше Македонија на детската „Евровизија 2016“ во Малта, таа е спремна за нова музичка авантура со нова песна.

Комплетен автор и продуцент на „I don’t know your name“ е Александар Масевски.

Иако Мартија е многу млада (13 години) таа сака да пее сериозни песни кои лежат на бојата на нејзиниот вокал, песни кои најмногу ги чувствува и каде што најмногу може да ги покаже своите вонсериски гласовни способности, велат од продукцијата. За оваа песна ќе биде снимен и видеоспот, но засега покрај нејзиното емитување на македонските радио станици, ќе имате можност да ја слушате и аудио/текст верзијата на јутуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top