| четврток, 6 декември 2018 |

„Слаба страна“ на Антониа Гиговска со видеоспот (видео)

Во етер излезе долгоочекуваниот видеоспот на најновото музичко остварување на Антониа Гиговска – „Слаба Страна“. Песна на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветковска.
Песната веќе неколку недели е објавена по речиси сите радиостаници во Македонија, а коментарите се и повеќе од позитивни. Особено поради ова е среќна Антониа, која верува дека во нејзините раце има уште еден хит за својата армија од фанови.


-Нема да бидам скромна и ќе кажам дека ова е една од подобрите песни кои публиката ќе има прилика да ги слуша. Лазар и Магдалена направија совршенство од песна, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, убедена сум дека ова е тоа – вистинското, вели младата и талентирана пејачка Гиговска.
Како режисер на спотот се потпишува Бане Поповиќ и неговата „Томато-продукција“, а особено придонес имаат момците и девојките од „Beatrix Crew“ , вештите раце на Даниел Николовски и „Fashion Group“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top