| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ сѐ, но ова никој не го очекуваше: Рада се пресели во Борча кај Зоран

Триесет и петгодишната негователка Рада Матиќ од Виена, вчера била видена во близина на семесјната куќа на убиената Јелена, дознава српски „Ало!“.

Сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ кратко по грозоморното убиство на неговата сопруга, почнал да се допишува со оваа гастарбајтерка, а нивните љубовни пораки бргу излегоа во јавност. Сега, Матиќ изнајмила куќа во населбата на Зоран, а тоа им го потврдила и на српските новинари.

– Точно е дека најдов стан во Борча и тоа баш во близина на Марјанови, за да и сум конкуренција на неговата мајка Зорица. Решив додека таа чека дозвола од Света Петка за да работи, да и ги преземам муштериите – со иронија рекла таа.

Дека нема лесно да се оттргне од Зоран, покажува и нејзиниот стајлинг, коментира весникот. Таа со ултра мини здолниште и високи потпетици, облече и разголена маичка која ги покажува интимните тетоважи.

– Зоран обожава да ги гледа моите тетоважи и ми даваше совети малку да ослабам, па го послушав. Му пратив фотографија од моите делфини на градите и ми рече дека тоа многу го возбудува – рекла новата сосетка на семеството.

Вчера се навршија точно три месеци од убиството за кое зборува цел Балкан. Полицијата се уште не откри кој е убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top