Во последните неколку недели, еден по друг, од старост пцовисаа три волци од Зоолошката градина во Загреб. Самотните денови сега ги одбројува Силвер, последниот волк од чопорот, стар 18 години.
Чуварите велат дека без своето друштво тој целосно го променил однесувањето. Молчалив, повлечен и плашлив, прашање на ден е кога и без него ќе остане леглото во загребскиот парк.
– Кога пред две недели пцовиса и претпоследниот волк, ни остана само нашиот Силвер, препознатлив по сребреното крзно. Едниот од волците моравме да го евтанизираме, бидејќи не можеше да пие ни вода. Тоа е секогаш тешка и мачна одлука, но заклучивме дека така е најдобро за него. Беше престар, како и останатите. Животниот век во Зоолошките градини им е најмногу 20 години, а сите беа постари од 18 – објаснува зоологот Дијана Бенет за „Јутарњи лист“.
Наскоро во Загреб пристигнува млад пар на волци, кои надежно ќе родат и нова генерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.