Над 60 лица загинаа при одрон на сводот во рудник за злато, во западниот судански регион Дарфур, соопштија денеска локалните власти.
Несреќата се случила во понеделникот. Три дена спасувачките екипи го расчистуваат теренот, кој е лоциран на 40 метри длабочина од рударското окно.
-Не можам да соопштам колку точно луѓе, се затрупаните внатре, бидејќи никој не знае колку имало пред несреќата, односно за време на одронот – изјави за Франс прес, управникот на административниот регион во северен Дарфур, Харун ал Хасан.
Тој наведува дека до моментов нема информации за други живи рудари. Спасувачите работат рачно, без механизирана техника, бидејќи вибрациите можат да предизвикаат втор колапс во рудникот.
Причините за несреќата засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.