| четврток, 6 декември 2018 |

Полска уште трага по рударите во Јастржебје

Двајца од седумте рудари кои беа отсечени во јагленокоп во јужна Полска, се спасени, соопшти компанијата. Уште пет лица остануваат внатре во јагленокопот.

Несреќата во рудникот Јастржебје, кој се наоаѓа во близина со границата со Чешка, се случи денеска околу пладне, кога, според раководството на рудникот, дошло до силен земјотрес. Четворица рудари веднаш успеаел да го напуштат окното, а седуммина останале блокирани. Рударите се наоѓале на длабочина од 900 метри кога се случил потресот. Спасувачките екипи се обидуваат да се пробијат до рударите преку нов тунел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top