| четврток, 6 декември 2018 |

Шок на Вимблдон, актуелниот шампион Ѓоковиќ е елиминиран!

djokovic

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло на гранслем турнирот Вимблдон. Сензацијата е дело на Американецот Сем Квереј, кој денеска ја дозаврши работата со триумф од 3-1 во сетови (7-6, 6-1, 3-6, 7-6), откако вчера ги доби првите два сета. Дождот привремено го спаси Ѓоковиќ, но и денеска, иако го освои третиот сет, сепак, немаше сили за комплетен пресврт.

Квереј го доби првиот сет во тај-брејк, на поени со 8-6, а потоа Ѓоковиќ имаше голем пад во играта и вториот сет го загуби со неверојатни 6-1. Дождот го одложи мечот за денеска, а Србинот имаше добар старт. Го освои третиот сет со 6-3 во гемови, а имаше брејк и во четвртиот сет и сервис за да израмни на 2-2 во сетови.

Но, Квереј успеа да израмни на 5-5 во гемови, да го одведе сетот во тај-брејк, а потоа и да го комплетира со триумф од 7-5 на поени.

Сем Квереј во следната рунда ќе се сретне со францускиот тенисер Николас Махут.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top