Македонската машка одбојкарска репрезентација се пласираше во финалето на Европската лига откако со престврт, во полуфиналето ја победија Австрија со 3-2 по сетови.
Македонските одвојкари почнаа добро, освојувајќи го првиот сет со 25-23. Но, следните два сета ги загубија со 23-25 и 17-25. Четвртиот сет го добија со 25-19 и израмнија во сетови. Во одлучувачкиот, петти сет македонските одбојкари беа подобри со 15:13 и се пласираа во финалето на европската лига.
Во финалето ќе го чекаат победникот од натпреварот Естонија – Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


