| четврток, 6 декември 2018 |

Двегодишно девојче заврши во болница поради веганска диета

Двегодишно девојче од Џенова, Италија, е хоспитализирано поради намалено количество витамини во организмот, откако нејзините родители ја ставиле на веганска исхрана.

Во болницата е примена во многу лоша состојба, а откако поминала неколку дена на интензивна нега, нејзината состојба се подобрува.

Нејзините родители се вегани и ја контролирале нејзината исхра, што довело до потхранетост, мало количество на витаминот Б12 и ниско ниво на хемоглобин во крвта, наведува британски „Индепендент“.

Недостатокот на витамин Б12 кај мали деца може да предизвика сериозни здравствени тегоби, како што се намален телесен раст, доцнење во развојот и проблеми со моториката, а ако не се лечат на време, може да останат трајни.

Според мислењето на нутриционистите, децата може да бидат на веганска исхрана само ако се преземени одредени мерки за детето во  развојот да добие потребни нутритиви и да биде под надзор на педијатарот.

Родителите на ова девојче, иако властите сметаат дека немале намера да го злоупотребуваат, сепак, би можеле да бидат обвинети за занемарување на детето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top