Доколку сакате да ја намалите килажата, а имате проблем да се откажете од омилената храна, не е лоша идеја да ги послушате авторите на книгата „Осумчасовна диета: Загубете килограми без да внимавате што јадете“.
Давид Зинценко и Питер Мур советуваат да јадете само осум часа. Доколку јадете само во осум часа во текот на денот, од 9 до 17 часот или од 11 до 19 часот, вашето тело ќе има полесна задача во разградување на храната, а со тоа ќе си помогнете и во губење на килограмите. Со овој режим, за само една недела може да изгубите до пет килограми. Ваквиот вид исхрана ќе му помогне на телото сите калории од појадокот до вечерата да ги претвори во енергија.
– Ако јадете почесто, го принудувате организмот да работи побрзо, а кога има поголемо растојание меѓу оброците, вашиот метаболизам ќе се забави – објаснил д-р Сачиданана Панда од Биолошкиот институт Салк во Калифорнија, која ја поддржала оваа теорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.