СДСМ и платениците продолжуваат со своите сценарија за делегитимирање на изборот за Претседател на студентите на Универзитететот Св. Кирил и Методиј.
Од постоењето на СПУКМ и организирањето на избори за нивни лидер, но и според правилникот за спроведување на избори, гласачките кутии, запечатени се носат во просториите каде што е сместена изборната комисија каде што официјално се пребројуваат гласовите од изборниот процес.
Таканаречениот Студентски пленум и членовите на СДСМ по завршување на изборите за Претседател на студентите продолжи со своите сценарија и пред канцелариите на СПУКМ. Околу 15 “студенти“ го блокираа внесувањето на избирачките кутии во просториите на СПУКМ каде што е сместена изборната комисија за овие избори.
Според наши информации од терен, Студентскиот пленум предизвикал поголем инцидент при носењето на гласачки кутии од страна на изборните комиси кои го спроведуваа гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%