Од 1 јули (петок) ќе почне да се применува времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Забраната важи во периодот од 17 до 22 часот во петок, од 9 до 18 часот во сабота и од 9 до 22 часот во недела.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта, се вели во соопштението од АМСМ.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите и тоа во петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.
Времениот режим за сообраќај на тешки теренски возила ќе трае до 1 септември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Ако има неправилности во тендерите ќе барам ревизија
-
Нови правила во српската полиција: Не смее да се носат шишки, фарбани мустаки се дозволени ако одговараат со косата
-
Автопатите лизгалишта, директорот на „Македонија пат“ задоволен (фото – видео)
-
Предупредување за возачите: Влажни коловози и снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево