| четврток, 6 декември 2018 |

По него воздивнуваат сите жени, а тој за сопруга одбра келнерка со дете од претходниот брак

matt2

Нивната љубовна приказна е речиси иста како бајките: Тој „принц“, а таа келнерка. Светски популарниот Мет Дејмон е среќно оженет со Лусијана Баросо, сосема обична жена, за која светот на славните бил само сон.

Лусијана била келнерка во бар во Мајами кога славниот холивудски актер ја запознал во 2005 година.

– Буквално останав без текст кога ја забележав во големата гужва. Ако не се случеше тоа, не знам како ќе се сретневме во животот – се присетил актерот на тој момент.

По две години двојката се свршила, а се венчале на мала приватна церемонија на Менхетн.

На славниот актер не му пречело ништо, ниту тоа што Луисијана била келнерка ниту, пак, тоа што имала ќерка од претходниот брак. Пред да го запознае Дејмон таа се развела.

matt1

Една година по венчавката, двојката ја добила првата ќерка Изабела, потоа по две години и втората Гија Завала, а повторно две години подоцна, им се родила и третата ќерка Стела Завала.

– Не додавам масло во огнот, не ја изневерувам мојата сопруга, не постои ништо лошо за кое би се зборувало. И кога новинарите би ме следеле, би ја добиле истата приказна – средовечен оженет маж со четири деца. Сè додека не им подготвам нешто ново, медиумите нема да покажат интересирање за мене – вели Дејмон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top