Длабоко навлеговме во средината на јуни, што практично значи дека и официјално сме во летната сезона. Можеби летниот одмор за некого е сѐ уште далеку, но, сепак, треба да се почне со подготовки. За да бидете подготвени за летово, треба да внимавате на овие пет модели со кои сигурно нема да згрешите.
Фустани инспирирани од 90-тите години на 20 век
Свилените фустани што личат на ноќници се вратија во мода. Оваа сезона женствените и секси свилени фустани се вистински начин како да изгледате шик и отпуштено во исто време.
Ексцентрични парчиња
Еден од највозбудливите изгледи моментно е ексцентричниот. Разни дезени, бои и големи украсни детали се пожелни на сите парчиња облека.
Преголема кошула

Убава кошула е задолжителна во секоја гардероба, а преголемата кошула лесно може да ја префрлите од пролетна во летна, па и во есенска сезона.
Карнери на сите страни
По неколку сезони, кога беа модерни во 70-тите години на минатиот век, карнерите сега стигнаа како свеж тренд и едноставно сите ги обожаваат.
Голи раменици

Рамениците се во центарот на вниманието оваа сезона. Фустани, маици, кошули, топ, дури и јакни со отворени раменици се голем хит и одличен начин да ја покажете својата софистицирана и сексапилна страна на личноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


