| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката се породила во метро, бебето доби доживотно бесплатно возење

Една мајка во Мексико сити се породила во метро, а бебето кое го родила доби доживотно бесплатно возење во подземната станица. Мајката се возела во метрото, кога почнале контракциите. Дваесет и две годишната жена се породила на влезот на една станица, а во тоа, покрај лекарите на итна помош, и помогнале и вработените во метрото и полицијата.

metro

Штом ја слушнал веста, градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Мансера веднаш на својот профил на Твитер напишал дека малото момче, кое се уште нема име, ќе има право да се вози со метро цел живот бесплатно

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top