| четврток, 6 декември 2018 |

Диетата на д-р Оз што прави чуда за две седмици

Славниот лекар Мехмед Оз осмислил двоседмичен план, кој со одредено секојдневно мени и внимателен избор на намирници, би требало со сигурност да се елиминираат седум вишок килограми без поголема мака.

Обилува со влакна и содржи доволно протеини од намирници со низок гликемиски индекс кои се дигестираат споро, а тоа значи дека во текот на тие две седмици нема да гладувате.

-Најважно е вашата исхрана да ја засновате на намирници со низок гликемиски индекс и мали порции протеини, бидејќи на тој начин полесно ќе им одолевате на јаглехидратите за кои можеби чезнеете, а кои ве гојат и не можат да ве заситат.

За да биде уште попривлечен новиот начин на исхрана, оброците може да се приготвуваат однапред, па не мора да поминувате часови и часови во кујна за да приготвите еден оброк за своето семејство, а втор, диетален, за себе.

За почеток на првиот ден од диетата, доктор Оз советува чаша топла вода со сок од половина лимон. Тоа е навика која е најдобро да се усвои што поскоро и да се задржи кога ќе ја завршите диетата, бидејќи на овој начин се буди метаболизмот наутро.

Во текот на денот, помеѓу оброците, пијте зелен чај. Изедете 170 грама протеини дневно, а најдобро е тоа да биде пилешко, мисиркино или риба.
Можете цела порција да ја изедете одеднаш или да ја поделите на два дела: едната половина да ја изедете за ручек, а втората половина за вечера.

Заборавете на јаглените хидрати, освен на интегралниот ориз, од кој можете да изедете половина шолја дневно.
Што се однесува до масти, нека ви бидат доволни маслиновото масло и авокадото.
Најдобро е овие две седмици да престанете со купување на млечни производи, освен грчки јогурт со 2% млечни масти, од кој можете да изедете шолјичка дневно.

Кој зеленчук ќе го јадете во текот на денот за ручек и вечера – одберете сами од списокот на дозволен зеленчук (прочитајте подолу).

Освен тоа, однапред пригответе поголема количина детоксикациска супа која можете секогаш да ја изедете кога немате ништо друго. А помеѓу оброците грицкајте кисели краставички, хумус, намаз од леблебија и јаткасти плодови.

Додека сте на диета, смеете да јадете нискогликемиски намирници. Не само што ќе ве заситат, туку и ќе ви помогнат да ги согорите масните наслаги, бидејќи кога ќе го замените скробот и шеќерот со нискогликемиски намирници, вашето тело може да започне да ги троши масните залихи.

Не користите вешатачки засладувачи ниту бел шеќер.
Не претерувате со вежбањето и воздржете се од јадење помеѓу 20 часот навечер и 8 часот наутро.

СМУТИ ЗА ПОЈАДОК 

Потребни состојки: 2 лажици протеин од ориз/грашок во прав, 2 лажици мелено ленено семе, ½ шолјичка замрзнати бобинки, ½ банана, шолјичка бадемово млеко со вкус на ванила без шеќер.

Постапка: Сите состојки ставете ги во блендер додека да добиете еднолична, мазна смеса.

ЗЕЛЕНЧУК СО НИЗОК ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС

Артичоки, млад бамбус, ’ркулци од грав, брокула, прокељ, карфиол, целер, краставица, домати, праз, леќа, грав, зелен зеленчук (кељ, блитва), печурки, кромид, пиперки, ротквици, тиквици, тиква, зеље, репка, мешунки, грашок шеќерец, поточарка и зелени салати (ендивија, ајсберг, римска, спанаќ, рукола, марула).

ЛИСТА ЗА ПАЗАРЕЊЕ

Оризов протеин во прав (28 лажици), 1 ¾ шолјичка мелено ленено семе, 3 ½ шолјичка интегрален ориз, шише маслиново масло, балсамико, зелен чај, морка сол, сода бикарбона.

А секоја седмица купете уште: 4 лимони, 4 банани, пакување смрзнати бобинки, 2 пакувања незасладено бадемово млеко со вкус на ванила без шеќер, 4 авокада, 7 шолјички грчки јогурт со 2% масленост, 1 кг пилешко, мисиркино или риба.

ЗЕЛЕНЧУКОВА СУПА – ДЕТОКС

Потребни состојки: кромид, 2 моркови, шолјичка тиква, шолјичка коренест зеленчук, 2 стебленца целер, ½ шолјичка зеље, парче свеж ѓумбир, 2 чешниња лук, морка сол.

Постапка: Сите намирници ставете ги во поголемо тенџере и прелијте со вода колку да се прекрие зеленчукот, па ставете да се готви. Кога ќе проврие, намалете го огнот и гответе покриено околу еден час или повеќе. Изладете, процедете и оставете во голем стаклен сад во фрижидер. Зеленчукот од супата фрлете го. Ќе добиете околу 8 шолји супа. Лесно загрејте и пијте од два до трипати дневно по шолја.

Намирници за супа за две седмици: 4 големи главици кромид, 4 шолји тиква, 2 шолји зелје, 8 чешниња лук, 4 шолји коренест зеленчук, 8 шолји зелен зеленчук, 8 моркови, 8 стебленца целер, ѓумбир во прав (или свеж), морка сол.

СЕКОЈА БЕЧЕР БАЊА – ЗА ИСФРЛАЊЕ НА ТОКСИНИТЕ

Оние кои ја пробале оваа диета на д-р Оз, велат дека ова им е најубавиот дел од диетата: вечерната релаксирачка бања која е приготвена на следниот начин:

-Во када полна со топла вода ставете две шолји морска сол и една шолја сода бикарбона. Освен што делува релаксирачки, го поттикнува исфрлањето на токсините од организмот, тврди славниот лекар.

БИРАЈТЕ ХРАНА СО НЕГАТИВНИ КАЛОРИИ

Искористете ја моќта на сезонскиот зеленчук, а ако сте љубител на домати, еве добра вест: плод со средна величина има 22 калории, односно, овие црвени плодови се нарекуваат намирници со негативни калории. Тоа значи дека додека ги јадете, истовремено согорувате повеќе енергија отколку што внесувате во организмот. Таква одлика имаат целерот, краставицата и магдоносот.

МАСТИТЕ ПОЛЕСНО СЕ ЕЛИМИРААТ СО ЧАША ВОДА И ЛИМОНОВ СОК

Пиењето млака чаша вода со сок од еден или половина лимон се препорачува наутро на гладно, бидејќи ја поттикнува работата на дигестивниот систем. Исто така, лимонот изобилува со витамин Ц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top