
Во Холивуд се шират гласини дека бракот на Амал и Џорџ Клуни е на стаклени нозе. Имено како што пренесуваат странските медиуми, Амал е очајна бидејќи Џорџ не сака да ја заштити.
Расправата започнала оној момент кога Амал побарала Џорџ да оди со неа на Малдиви каде таа треба да го брани поранешниот претседател Мохамед Нешид.
Амал многу се плаши од терористи, поради што го замолила сопругот да појде со неа, како би се чувствувала посигурно, но тој одбил. Ова само повеќе го продлабочило јазот меѓу Џорџ и Амал, за чиј брак со месеци се зборува дека не е баш најсјаен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


