Францускиот магазин „Воаси“ на насловната страница објави папарацо-фотографии снимени во градината на Џорџ и Амал Клуни, на кои се гледаат и близнаците Ела и Александар.
Овој потег го разлутил Џорџ Клуни, поради тоа што приватноста на неговите деца била нарушена. За среќа, тој ја има неговата сопруга, која е истакнат адвокат за човекови права. Амал ја смирила лутината на Џорџ велејќи му дека точно знае што треба да се преземе во вакви ситуации за правно да се заштитат, но и дека во иднина ќе треба да вработат повеќе обезбедувачи на нивниот приватен имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.