| четврток, 6 декември 2018 |

На Ургентен во тек се операции над повредените деца

povredeno-dete03Едно од повредените деца веќе е оперирано, а втората операција е во тек. Според изјавите на министерот Тодоров, кој заедно со премиерот Груевски беа во Ургентниот лично да се информираат за состојбата со повредените деца, целиот систем е мобилизиран, сите доктори се на работа. Според докторите, се работи за невролошки повреди на главите на децата, едно дете е во кома, а две се потешко повредени. Три деца се сместени на Детска хирургија и не се во толку тешка здравствена состојба. На Клиника се донесени 11 пациенти, од кои еден починал.

Превртениот трактор со кој се превезувале 16мина, повеќето малолетници кои биле на излет, однесе два животи, возачот и една повозрасна жена. Тракторот со приколка се превртел во близина на местото Илиндол меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Децата се од кочанското село Грдовци на возраст меѓу 14 и 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top