| четврток, 6 декември 2018 |

Младинците ја стартуваат мисијата ЕП, објавен списокот од 22 ракометари

ракомет

Младата машка ракометна селекција под палката на селекторот Александар Јовиќ, кој го соопшти поширокиот списокот од 22 ракометари, од денес ги започнува подготовките за настап на ЕП во Данска кое започнува од 28 јули а ќе трае до 7 август.

Како што е познато, Македонија на ЕП се наоѓа во група со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат првите две екипи од групата. Подготовките ќе стартуваат во салата во Автокоманда, а на списокот на селекторот Јовиќ меѓу 22 повикани ракометари нема поголеми изненадувања: Комплетен список на ракометари кои се наоѓаат на широкиот список:

Голмани: Мартин Томовски (Металург), Никола Даниловски (Пелистер), Илија Трпевски (Вардар), Марко Кизиќ (Вардар 2)

Бекови: Филип Талески (Металург), Филип Кузмановски (Металург), Горан Крстевски (Металург), Марио Танкоски (Металург 2), Марко Нелоски (Металург), Тоше Ончев (Вардар 2), Александар Димовски (Вардар 2), Мартин Велковски (Металург), Мартин Серафимов (Металург), Стефан Трпчевски (Вардар 2),

Крила: Давор Палевски (Металург), Глигор Гајиќ (Работнички), Димитар Димитриоски (Металург 2), Томислав Јагуриновски (Металург), Мице Шилегов (Металург 2)

Кружни напаѓачи: Андреј Маркудов (Пелистер), Филип Арсеновски (Металург) и Милан Лазаревски (Металург 2)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top