Нова видео снимка на Исламска држава, што вчера беше објавена на Јутјуб, го активираше алармот меѓу Американците, но и во земјите од Западен Балкан, откако џихадист од снимката на чист босански јазик изнесе закани кон САД, Канада, Австралија, Европа и Балканот.
Во деветминутното видео закани се упатени кон жителите на Сан Франциско и Лас Вегас, а додека камерата ги покажува снимките од двата града џихадистот го пофалува делото на Омар Матин, кој претходно овој месец уби 49 лица во еден ноќен клуб во Орландо. Експертите сметаат дека видеото е снимено во Мосул, но снимките од американските градови се автентични. Станете, муслимани, убивајте ги христијаните и нивните слуги во нивните градови и нивните држави. Поставувајте експлозиви под нивните автомобили, во нивните куќи и канцеларии. Убивајте ги со снајпери, убивајте ги дури и со ножеви и не правете разлика меѓу војници и цивили, повикува џихадистот на босански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Радост, насмевки, честитање – џихадист слави што ќе се разнесе со бомба (ВИДЕО)
-
Забите го издале: Наместо 12-годишен сирак од Авганистан, вдомила 21-годишен џихадист
-
На џихадист во Суматра не му се активираше бомбата, па со секира го нападнал свештеникот, но мештаните му се одмаздија (видео)
-
Судот во Хаг обвини џихадист од Мали за уништувањето на Тимбукту (фото)