| четврток, 6 декември 2018 |

Судот во Хаг обвини џихадист од Мали за уништувањето на Тимбукту (фото)

Меѓународниот кривичен суд (ICC) од Хаг го обвинува исламистот-џихадист Ахмад ал Факи ал Махди, од Мали за уништувањето на Тимбукту, вреден објект на исламската култура кој е ставен под заштита на УНЕСКО и претставува светско културно наследство.

diapositiva11Џихадистичката група Ансар Дине, поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда, во април 2012 година, разурна девет светилишта и една џамија во Тимбукту, прогласувајќи ги сите како пример за „идолатрија“.

timbuktu-a-stunning-world-heritage-place05

Судскиот процес против Махди, што се отвора денеска, во судот во Хаг, е првиот случај кога уништувањето на културно наследство се третира како воено злосторство. Ова е и прв случај кога еден исламист-џихадист е обвинет и изведен на судење пред Судот.

За тој случај, Судот има обезбедено деветмина сведоци кои биле присутни на уништувањето.

mausole-tombouctou

Хуманитарните групи оценуваат дека нивното присуство не само што претставува доказ за уништуањето на еден исклучителен културен локалитет, туку помага да се покаже дека уништување на објекти кои се третираат како значајно културно наследство, не е само  физичко повредување на еден објект, туку и повреда на социјалната, културната и историската структура на една верска и етничка заедница.

court-to-decide-whether-malian-teacher-will-face-charges-for-destroying-artifacts-in-timbuktu-1456769813

Групата Ансар Дине, чии членови се припадници на етничката група Туарези во Западна Африка, го освои и го држеше под контрола градот Тимбукту, неколку месеци.  Осомничениот Махди (40) е поранешен учител кој во џихадистичката група бил задолжен за доследна примена на шеријатското, исламистичко право.

3479601412

Тимбукту претставува центар на исламското учење од 13 до 17 век и има одиграно важна улога во ширењето на исламот во регионот на Западна Африка. На листата на УНЕСКО, градот и неговите светилишта се ставени во 1988 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top