18-годишниот џихадист замалку ќе убиеше многу луѓе на мисата во градот Медан на Суматра, но самоубиствениот елек му затаи. Тогаш го дофатија бесните верници и полицијата.
Екстремистот влетал во олтарот носејќи самоубиствен елек, но кога сакал да ја активира бомбата направата затаила. Џихадистот увидел дека планот ќе му пропадне, па извадил секира и го нападнал свештеникот. Но, ниту тоа не му успеало, свештеникот се извлекол со лесни повреди на раката.
Двата неуспешни обиди му дале време на собраниот народ кој го имало во голем број, па се втурнале кон џихадистот и го задржале до доаѓањето на полицијата.
-Се претвораше дека е верник, така влезе во црквата. Имаше експлозив сличен на петарда, но за среќа само изгоре, рече шефот на локалната полиција Нур Фалах додавајќи дека момчето со себе имало и лист хартија на кој биле нацртани симболи на т.н. Исламска држава.
Снимката која ја објавила локалната телевизија прикажува како бесниот народ заедно со полицијата се пресметал со џихадистот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)