| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето го заборавил во загреан автомобил, а потоа го ставил во фрижидер

tatko

Маж од Тексас е обвинет за смртта на шестмесечна ќерка која ја заборавил во загреан автомобил, а потоа ја нашол во тешка состојба и ја ставил во фрижидер, соопштила локалната полиција.

Мајкл Тедфорд (33), невработен професор во средно училиште, бил уапсен во округот Колин во вторникот. Тој е обвинет за убиство и е пуштен со кауција.

Редфорд ги одвел своите две деца на возраст од 3 и 5 години во градинка, но го заборавил бебето. Потоа отишол дома и заспал. Според податоците на полицијата, неговата сопруга во тоа време била на работа. Од прилика четири часа подоцна го пронашол бебето на задното седиште додека температурата надвор била 32 степени.

tatko2

Тој го извадил надвор и го ставил во фрижидер каде што било „неутврдено време“ а потоа повикал брза помош. Пред доаѓањето на брзата помош се обидел да го оживее, а во полиција објаснил дека се обидел да го разлади бидејќи било „жешко како асфалт’“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top