За да ја обновите или освежите пролетно-зимската гардероба, треба да набавите неколку неодоливи модни додатоци кои гарантираат успешна комбинација. Деталите се неизбежни, без разлика дали станува збор за накит, чанта, ремен, шапка или лента во коса, ако сакате да бидете модерни.
Со очилата за сонце, исто така, може да се постигне посебен впечаток, а вистинскиот избор на квалитетни и модерни очила за сонце одлично се вклопува во секој стил на облекување.
Со модните детали секоја комбинација може да ја претворите во модерен изглед. Затоа во својот шкаф, независно од годишното време, мора да имате додатоци со кои ќе ги решите секојдневните модни двоумења, но и целосно ќе го смените својот изглед.
Шалови и марами
Марамите и шаловите се едни од хитовите за ова лето. Може да послужат како моден додаток или дополнителен слој за облекување за постудените вечери. Најмодерни се светлите бои, а оваа сезона тоа се белата, крем-бојата и пастелните бои. Со шалот може да ги покриете рамениците ако сте облекле фустан на тенки прерамки. Шалот може да го употребите и како ремен, да го врзете околу половината. Може да ги носите и врзани околу вратот, на плажа, да ги заврзете околу главата или на некој друг начин.
Торба со рачки
Оваа пролет и лето кога се во прашање торбите, навистина има богата понуда. Во колекциите преовладуваат чанти во вид на квадрат и чанти со рачки. Чантите со рачки се одличен избор за сите градски комбинации. Може да бидат во неколку варијанти и големини. Може да бидат мали, кожени, со кратка рачка која може да биде во различна боја. Младите генерации сакаат да носат чанта со средна големина, која може да се носи преку раменици и е одлична за урбана прошетка.
Накит
Вистинско освежување на пролетните и на летните комбинации се ѓерданите или алките во живи бои. Тие може да бидат во тиркизна или во корална боја. Неколку сезони по ред е во мода да се носат повеќе алки одеднаш. За секоја комбинација одговараат сребрени или црни алки во повеќе нијанси. Оваа година стилистите советуваат на една рака да се носат повеќе алки од ист модел во различни нијанси.
Очила за сонце со ефект на огледало
Оваа сезона се хит очилата за сонце што имаат ефект на огледало. Исто така, ќе се носат и рамки со ретро-стил, но и очила за сонце кои се преголеми. Се враќаат очилата за сонце што се носеа во 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Пак се носат „ленонки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.