| четврток, 6 декември 2018 |

Карлос Слим сака да инвестира во информатичкиот сектор

Бизнис групацијата на Карлос Слим ја разгледува можноста за инвестиции во информатичко – комуникациската технологија во Македонија, најавил синот на мексиканскиот милијардер Карлос Слим јуниор на средбата со премиерот Никола Груевски.

Извршниот директор на групацијата, Карлос Слим Јуниор изјавил дека неговата бизнис групација веќе ги анализира конкретните детали кои би воделе кон конкретна инвестиција. Тој на средбата искажал интерес за вложување и во други сфери во земјава.

– Задоволни сме што сте тука, ви посакуваме успех во вашето патување, се надевам дека ова патување може да ги доближи двете земји да направат подобар и посилен линк помеѓу нашите економии и секако нашите општества. Добро дојдовте во Мексико и се надевам дека ќе имате добар престој, порачал Карлос Слим Јуниор.

Премерот Никола Груевски ги презентираше поволностите за странските инвеститори пред повеќе од 200 бизнисмени од Мексико.

– Ако дојдете во Македонија и разговарате на пример со претставници на „Џонсон контролс“, која што ја изради првата фабрика во 2007, а во моментов ја гради и втората, или „Џонсон мети“, која што ја изгради првата фабрика во 2008, а моментно ја гради и втората, или „Ванхол“, која што моментно гради фабрика за автобуси коишто ќе се извезуваат во САД и во Европа или „Дрекселмаер“, германски производител на автомобилски делови, или „Кромберг и Шуберт“, исто така германски производител на автомобилски делови, или „Протек груп“, најголемата фармацевтска компанија од Русија, „Технохозе“ од Италија…. ќе видите дека се она што го кажав е навистина така. Тие отворено го кажуваат тоа на многу инвеститори кои доаѓаат во земјата и кои сакаат да направат проверки, а првата проверка ја прават со оние коишто веќе инвестирале во Македонија, рекол Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top