| четврток, 6 декември 2018 |

Работете три дена неделно и економијата ќе ни процвета

Британско истражување докажа дека луѓето се многу поефикасни кога работат само три дена во неделата, односно два ипол дена кога е температурите се високи. Неодамна, истото го препорача и еден од најбогатите луѓе во светот, мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим, според кој со три дена би имале повеќе време за релаксирање, односно за поквалитетен начин на живот.

– Луѓето денес живеат подолго, поздрави се и не се присилени на тешки физички напори. Денешната цивилизација бара повеќе знаење и повеќе искуство, а помалку физичка подготвеност. Мислам дека треба подоцна да се оди во пензија и да се работи три дена неделно – рече лим во интервју за бизнис-агенцијата „Блумберг“.

Слим не го зборува ова од чист алтруизам, туку раководејќи се од работна логика – радикалното кратење на работната недела ќе поттикне отворање на нови работни места и ќе ја динамизира економијата. Ако луѓето имаат четири дена слободни во неделата, не само што ќе го подобрат квалитетот на својот живот, туку и ќе се зголеми растот на туризмот, индустријата на забава, култура, спорт и образование.

Карлос Слим е извршен директор на „Телемакс“, а од неодамна компанијата почна да склучува нов договор за работа според кој работниците ќе можат да се пензионираат на 50-годишна возраст, но имаат и опција да останат на работното место со целосна плата и четири работни дена.

Според „Форбс“, богатството на Слим се проценува на 80 милијарди долари, а исто така важи за еден од најголемите филантропи во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top