Над двестe вештаци од областа на материјално сметководствено и финансиско работење се обучуваат за дигитална форензика во докажувањето на кривичните дела.
– Обуката има цел стручно да се усовршат вештаците од оваа област и да ги прошират нивните теоретски и практични знаења и вештини, поради фактот што живееме во ера на информатичка технологија, особено кога деловениот свет ја напупшта хартиената форма и преминува кон електронско работење, рече претседателот на Комората на вештаци Васе Доневски.
Тоа, според него, ја зголемува можноста за злоупотреба на оваа информатичка технологија за стекнување на нелегални економски бенефити, со вршење кривични дела.
– Дигиталната форензика несомнено е еден од клучните елементи од истражување и анализа на дигиталните уреди, поврзани во употреба и дејствија на компјутерски криминални активности каде пронајдените електронски материјали можат да се употребат како релевантни доказни елементи во сузбивањето на овој модерен начин на криминално дејствување, рече Доневски на почетокот на обуката.
Комората на вештаци има 964 членови од сите области, од областа на материјално, сметководствено и финансиско работење има околу 273 члена. Обуката за дигитална форензика во докажувањето на кривичните дела ја следат над 200 членови, со оглед на фактот што, како што рече Доневски, оваа тема е нова, актуелна и досега недоволно истражена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.