Реал Мадрид е мајстор за пресврти и анулирање негатива од повеќе голови разлика, но против Борусија Дортмунд воопшто не му оди сезонава. „Кралевите“, вечерва од 20, 45 часот против тимот од Германија, ќе атакуваат на позитивен резултат од најмалку 3 гола разлика, со тоа што ќе треба да внимаваат да не примат гол. Првиот дуел на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, заврши со победа на домаќините од 4-1.
Како се приближува терминот за почеток на реваншот, се вжештува атмосферата во Мадрид, а расте и вербата дека може да се направи чудо. Навивачите се потсетуваат на светлите моменти од клупската историја, кога беа елиминирани Дерби Каунти, Селтик, Интер, Риека, Андерлехт и Борусија Менхенгладбах, иако во првите натпревари, Реал губеше со два или повеќе голови разлика. Проблем е што против Борусија сезонава не им оди баш најдобро. На три натпревари со „милионерите“ не победија ниту еднаш, а примија дури 8 гола.
– На првиот дуел во Дортмунд заслужено загубивме, бидејќи домаќините не надиграа. Ние настапивме без жар, се однесувавме како група рекреативци и Борусија не казни. Веруваме во подобра игра вечерва, а фудбалот е волшебна игра и можни се пресврти и чуда – вели Жозе Мурињо.
Тој има проблеми со составување на најдобриот тим, бидејќи Абелоа и Марсело не можат да настапат. Навивачите притискаат Икер Касилјас да брани, а во аут да оди Пепе, кој не успеа да го сопре Роберт Левандовски, стрелецот на 4 гола на првиот дуел.
„Ништо не е невозможно“, „Со тимски дух до подвиг“ и „Операција 3-0“, се само дел од насловите во шпанските медиуми, што го креваат моралот на тимот. Реал има потенцијал за чудо, го докажа тоа и во минатото, но Борусија има огромна предност.
– Ние мора да бидеме храбри, за да одолееме на нападите на противникот. Не се плашиме, но мора да бидеме претпазливи. Сакаме да ја играме нашата препознатлива игра и ако успееме, нема шанси Реал да не елиминира. Моите играчи знаат дека големи дела се креираат со храбра игра и верувам во нив и во позитивен исход и вечерва на Сантјаго Бернабеу – вели Јирген Клоп, тренерот на Борусија.
Германците одиграа извонредно на првиот меч. Го разбија Реал и имаат големи шанси да настапат во финалето, за првпат по 1997 година, кога беа шампиони. Кај нив неизвесен е само левиот бек Пишчек, но веројатно и тој ќе настапи вечер од 20, 45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)