| четврток, 6 декември 2018 |

Самостојна изложба на Тања Џипунов во Охрид

Во Охрид во Куќата на Робевци отворена е прва самостојна изложба на дела во комбинирана техника во голем формат на авторката Тања Џипунов.

– Се работи за комбинирана техника каде акрил на платно како основа е збогатен и искомбиниран со природни материјали како коноп, дрво, хартија и слично. Еден вид слико-скулптура, нешто како инсталација на платно, вели авторката.

Изложбата е симболично насловена „Face to face“ во време кога уметноста е ставена во позадина, кога сакаме да избегнеме соочување со посуштински прашања за убавото, емоциите, расудувањата и споделувањето на сопствените идеали.

Изложбата „Лице в лице“ ќе биде поставена до 30 јуни во Музеј „Галерија на Робевци“ во Охрид, како дел од нивната годишна програма која продолжува и во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top