| четврток, 6 декември 2018 |

Често се карале – Јелена знаела за разговорите на нејзиниот маж со други жени

јелена
Пејачката Јелена Марјановиќ (33) од Борча, чие убиство се уште не е расветлено, често се карала со сопругот Зоран зошто открила дека тој тајно се допишувал со други жени, обично ноќе, пишува Ало.рс.
Соговорник открива дека Јелена случајно го открила ова „хоби“ на сопругот и тогаш почнале проблемите во бракот.
-Зоран ноќе се затворал во своето студио, во кое останувал до утро и преку Фејсбук и Вибер се допишувал со други жени, а со некои договарал средби во живо. Во тие преписки има и развратни пораки, а Зоран знаел на своите виртуелни пријателки во рана зора да им праќа линкови и да бара да читаат за некои чудни теми. Во тоа бил упорен, па барал од нив да бидат послушни, па дури и во 5 наутро да читаат некои текстови- вели добро информиран извор.
Дека Зоран водел таен виртуелен ноќен живот, потврди и Рада Матиќ (35) од Виена, која стана позната во јавноста по секс – скандалот со мажот на пејачката, со кој се допишувала месец дена по убиството на пејачката. Матиќ изјави дека сама му се јавила на Зоран, кој дури тврди таа, барал од неа да му исполни некои негови „болни фантазии“.
-Кога Јелена ги видела во неговиот мобилен телефон пораките, се шокирала зошто мислела дека Зоран и е верен и дека ноќе компонира во нивното студио, па од тогаш кавгите меѓу нив биле почести. Своето откритие им го кажала само на некои свои најблиски пријателки, а не сакала да ја потресе и својата мајка, која боледува од карцином, па пред неа и пред петгодишната ќерка секогаш била весела и расположена за муабет- наведува извор.

Очевидци во полиција раскажале дека на денот на убиството на Јелена на насипот ја видела како се кара со Зоран, каде таа дошла да џогира. Инаку, полицијата ја продолжи интензивната потрага по убиецот на Јелена, а истрагата оди споро поради бројните и сложени вештачења.

-Полицијата го скрати списокот на осомничени, а повторно ќе бидат испитани и членовите на семејството Марјановиќ. Иако постојат бројни шпекулации за тоа дека Јелена била убиена на друго место па е донесена на насипот во Црвенка, тие се покажаа како неточни- вели соговорник.

За шпекулациите дека на местото на злосторството нема траги од крв, изворот наведува дека телото некое време било во вода.

Пејачката на „Гранд„ исчезна на 2. април годинава додека трчала на насипот Црвенка во Борча. Нејзиното тело со смачкана глава е пронајдено следниот ден околу 13 часот во каналот покрај насипот. Убиецот нејзиното тело го фрлил десетина метри од местото на убиството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top