Германија оди во четвртфиналето на ракометниот Мундијал по убедливата победа против Македонија со 28-23, во Барселона. Повторно немавме решение за силниот противник иостанавме надвор од битката за медали, на една од позициите од 9. до 16.
Шансата ја пропуштивме во средината на вториот дел кога со серија од 4-0 стасавме до негатива од два гола, 16-18, а германскиот голман на чудесен начин го одбрани ударот од контранапад на Дејан Манасков. Оттогаш почна убиствената серија на Германците за значаен триумф од 5 гола разлика. Кнер и Шмит беа незапирливи за нашата тенка и лошо поставена одбрана. За утеха, ако и тоа вреди нешто, Кирил Лазаров беше најефикасен на мечот со 7 погодоци. По првиот дел имавме негатива од 9-13, а во ниту еден момент од натпреварот не водевме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


