| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Миновски располага со соодветен капацитет за да ја извршува функцијата министер за финансии

Emil-DimitrievПретседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, во своето обраќање пред  пратениците во Собранието кои денеска треба да го констатираат досегашниот прв човек на УЈП, Кирил Миновски за нов министер за финансии, рече дека Владата и покрај контекстот на политичката ситуација останува максимално посветена во работата поради огромната поддршка од граѓаните.

– Сметам дека Миновски располага со соодветен капацитет да работи на оваа функција. Има работено на голем број различни позиции во приватниот и јавниот сектор, директно бил вклучен во проекти во областа на финансиите, подобрување на конкурентноста, банкарството итн. Исто така бил ангажиран и од Светска банка што дава квалитет на неговото портфолио. Миновски извршуваше и две исклучително значајни позиции во Државниот пазарен инспекторат и потоа во УЈП. Покажал резултати и позитивно влијаел на проекти за подобра и поефикасна функционалност на овие две институции- рече Димитриев .

На седницата по повод избор на нов министер за финансии, премиерот Димитриев зборуваше за работата и успешноста на екс министерот за финансии Зоран Ставрески, кој вчера поради здравствени причини поднесе оставка.

-Ставрески е личност што со својот личен пример покажа како се сака Република Македонија. Многу примери од неговата посветена работа го докажуваат тоа. Тука говори и фактот што во 2006 година, Ставрески реши да ја напушти неговата позиција во Светската банка во Вашингтон, да се врати во Македонија и со многу знаење да помогне на економскиот раст и развој во земјава, директно да помогне во спроведување на голем број на реформи, како и креирање на стотици мерки- истакна Димитриев.

Тој додаде дека како негов соработник, може да каже дека станува збор за личност со исклучителна стручност и знаење кој секогаш максимално дејствувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top