Пратеници и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ денес беа во посета на Облешево во рамки на редовните партиски активности кои се реализираат за редовна комуникација со луѓето.
– Целта е да се слушне нивното размислување по актуелно политички теми, да поразговараме што можеме како партија да помогнеме во овој период. Без разлика што сега сме опозициона партија нашата улога во парламентот ќе ја искористиме максимално да ги застапуваме интересите на граѓаните, а овие средби најмногу ќе помогнат во тоа да се лоцираат приоритетите – вели Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Облешево.
Од друга страна, вели Димитриев го задржуваме континуитетот кој значи блискост со народот, поддршка и излегување во пресрет на барањата без разлика дали сте на власт или опозиција.
-Она што е сега во Македонија е времена ситуација, се заобиколи волјата на народот и се формира парламентарно мнозинство кое ги загуби изборите. Сметаме дека е со краток рок и на тоа ќе работиме. Во пресрет се локалните избори, ние силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат – вели Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
Димитриев: Како и до сега, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на РМ
-
Димитриев: Историското наследство и делото на Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на Македонија и македонскиот народ
-
Димитриев ќе се обрати на јавноста во 18,45 часот (во живо)