| четврток, 6 декември 2018 |

Убиец со ангелско лице – 12 годишник осуден на 25 години затвор за убиство

12 годишно дете од Индијана е осудено на 25 години затвор поради соучество во убиство што го извршил неговиот очув.

Животот на Пол Џинџерич комплетно се промени во април 2010 година, кога од примерно дете се претвори во убиец. Трагедијата што му го уништи животот се случила пред три години кога Пол и двајца негови другари Колт Ланди (15) иЧејс Вилијамс (12) се договарале да побегнат во Аризона. Ленди рекол дека неговиот очув нема да му дозволи, па ќе треба претходно да го убијат. Тој му дал полн пиштол на Пол и тргнале кон куќата. Чејс се исплашил и останал надвор, а Пол влегол заедно со Колт. Прв пукал 15 годишникот, а потоа и Пол.

–       Се исплашив од пукањето на Колт. Ги затворив очите и почнав да се вртам и да пукам, раскажал Пол.

 Тој тврдел дка едноставно пошол по постариот другар, но не верувал дека навистина ќе пукаат во очувот. Интересно е тоа што на 12 годишното дете во овој случај му се судело како на возрасен човек поради што нема да може да излезе од затвор пред да наполни 37 години. Тој сега се наоѓа во малолетнички затвор, а за три години ќе биде префрлен во затвор за возрасни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top