| четврток, 6 декември 2018 |

Агим Ибраими во следните 2,5 години ќе настапува за Астана

ibraimi

Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими стави крај на одиејата во Марибор потпишувајќи договор со екипата на Астана. Словенечка Екипа објави дека целосниот договор е постигнат на синоќешната средба во Љубљана, по што веќе е јасно дека Ибраими својата кариера ќе ја продолжи во далечниот Казахстан. Според овие извори, Македонецот ќе потпише договор на две и пол сезони за вкупно 2,2 милиони евра.

Ибраими како капитен долго време беше главна ѕвезда на словенечкиот состав, но ситуацијата се промени по конфликтот со директорот Заховиќ. Иако вината апсолутно беше кај главниот оперативец во клубот, раководството на клубот застана на страната на Заховиќ, по што Ибраими во последните месеци воопшто не настапуваше за Марибор, што сигурно беше и една од главните причини што овој тим ја загуби трката за титулата од Олимпија.

Во меѓувреме македонскиот фудбалер доби и неколку понуди од Италија, но откако увиде дека истите се неколку пати пониски од онаа на Астана тој „пресече“ и донесе одлука – кариерата да ја продолжи во редовите на казахстанскиот шампионат. Астана е голем фаворит и за титулата во новата сезона, со оглед на фактот дека по првите 15 кола има скор од 13 победи, едно реми и еден пораз, создавајќи си девет бода предност во однос на второпласираниот Иртиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top